Оглас за вработување

Приватна компанија „Динг инжинеринг“ од Струга – специјализирана за производство на висококвалитетни ПВЦ прозорски профили од брендот „REHAU“ нуди нови вработувања! Бараме мотивирани и одговорни работници кои ќе придонесат за нашиот континуиран успех.

Услови:

  • Искуство во изработка на ПВЦ профили е предност, но не е задолжително.
  • Подготвеност за тимска работа и извршување на различни задачи во производниот процес.
  • Посветеност на квалитетот и деталите.

Нудиме:

  • Редовна и солидна плата, исплатена навреме.
  • Oбезбеден превоз и храна.
  • Бонуси за постигнати цели и дополнителни напори.
  • Прилагодено работно време на производните барања.

Вашиот труд и посветеност се клучни за нашиот успех. Обезбедуваме работна средина која поддржува личен и професионален развој.

Дојдете и станете дел од тимот кој гради висококвалитетни прозорци од брендот„REHAU“ и придонесува за удобност на домовите низ целиот регион!

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*